Нов инцидент во Интер, Политано го прослави голот во стилот на Икарди па Перишиќ го нападна (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во финишот од
првиот дел на дуелот на „Артемио Франки“, Политано прекрасно пласираше од врвот
на шеснаесетникот и го донесе Интер во водство од 1-2. Фудбалерот при
прославата на голот ги стави двете раце зад ушите, како што тоа го прави Мауро
Икарди, екс-капитенот на „нероаѕурите“ кој одбива да игра откако остана без
лентата.

Ваквиот потег не
му се допадна на Иван Перишиќ, кој го удри по рака Матео Политано и му покажа
дека не треба вака да слави. Двајцата потоа си разменија остри погледи и си
дофрлија нешто. Навивачите секако не сакаат да видат нова драма и може да ги радува тоа што на крајот Хрватот и Италијанецот си подадоа рака.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани