149
Во финалето од Лига Купот се случи нешто што ретко се гледа на фудбалските терени, Кепа покажа непослушност кон тренерот Маурицио Сари кој буквално збесна од потегот на неговиот голман.
Кепа беше повреден и Сари одлучи да го промени голманот пред изведувањето на пеналите, но шпанскиот голман одби да излезе од игра. На пеналите Челси го изгуби мечот.
Кепа сигурно ќе биде казнет од клубот, но веројатно ќе добие и жестока лекција од Сари во соблекувалната.