Денешното издание
на Кориере пренесува дека е можно Мауро Икарди веќе да го одиграл последниот
меч во дресот на „нероаѕурите“.
Весникот пишува
дека Аргентинецот размислува да оди под нож и да го оперира десното колено.
Веднаш што ја загуби капитенската лента, напаѓачот почна да се жали на болки и
добива третман од лекарскиот персонал.
Интер практично
соопшти дека Мауро Икарди глуми повреда откако деталните тестови не покажаа
значајни промени од прегледите направени пред стартот на сезоната, но според
Кориере, Аргентинецот со месеци играл со инекции против болки, и повеќе нема
намера да го прави тоа.
Напаѓачот ќе се
врати во составот само откако целосно ќе се опорави и ќе продолжи да добива
третман најмалку до 7. март. Тогаш ќе бидат направени нови тестови и доколку
проблемот со воспалението не е надминат, тој ќе замине под нож што практично ќе
значи крај на сезоната, а веројатно и крај на кариерата во дресот на Интер.
Кориере исто така
додава дека „нероаѕурите“ прават планови за живот без Мауро Икарди и во Ромелу
Лукаку од Манчестер јунајтед и Дуван Запата од Аталанта гледаат потенцијални
замени.
Вчера, Газета
дело Спорт пак пишуваше дека опции се Един Џеко од Рома и Лука Јовиќ од
Ајнтрахт.