Џеко во 95. минута им ги скрши срцата на „џалоаѕурите“ и не дозволи кикс на Рома (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Рома продолжува
да ги притиска Интер и Милан во битката за топ четири пласман, „волчицата“ вечерва
стигна до триумф над Фросиноне во последните мигови од мечот.

Домаќините добро
го започнаа мечот, една грешно додавање на Нзонзи отвори шанса, Чано силно
биеше од далечина, Олсен некако успеа да одбрани, но одбиената топка имаше ефе
и заврши зад грбот на голманот за голема радост на домаќините.

Сепак, госите за
две минути успеаја да го свртат резултатот во своја корист. Најпрво Џеко
искористи едно невнимание на одбраната и изедначи на 1-1 за потоа Пелегрини да реализира
за 1-2.

Рома во
продолжението од мечот се обидуваше рутински да го приврши мечот, но откако
остана без столбот на одбраната, Манолас поради повреда, гостите стигнаа до изедначување. Чано регираше
одлично и измами тројца противнички играчи кога реши итро да асистира наместо
да шутира, па Пинамонти само рутински реализираше за 2-2 во 88. минута.

Фросиноне сепак
не издржа до крајот, во последните мигови од мечот, Де Роси упати одлична долга
топка за Ел Шарави, кој го проигра Џеко а Босанецот од пет метри го матираше
Спортиело за 2-3 и голема радост на „волчицата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани