По поразот од 2-0
на гостувањето на „Ванда Метрополитано“ со кој „Старата дама“ е пред елиминација во Лигата на шампионите уште во осминафиналето, почнаа да кружат голем број на
гласини поврзани со Кристијано Роналдо.
Се говореше дека
ЦР7 побарал од управата на Јувентус летоска да му донесат тројца поранешниот
соиграчи од Реал Мадрид (Варан, Иско и Модриќ), а имаше и стории за тоа дека
Португалецот би можел по само 12 месеци да стави крај на авантурата во Торино и
да се врати на Олд Трафорд.
Шпекулациите за сензационален
трансфер во Манчестер јунајтед синоќа беа дискутирани во емисијата „Калчо е
Меркато“ на Раи Спорт, па ова предизвика реакција кај лидерите на Јувентус.
Спортскиот
директор Фабио Паратичи реши на необичен начин да испрати демант, па сред
емисија му прати СМС порака на едниот од водителите за да порача дека нема
вистина во гласините за враќање на Кристијано Роналдо на Олд Трафорд.