Димитриевски втора недела по ред прима контроверзен гол, ВАР како да му е скаран на Рајо (ФОТО и ВИДЕО)

by
1 минути читање

Нова контроверзија
во Ла Лига и тоа повторно на штета на Рајо. Попладнево на гостувањето кај
Хетафе, Димитриевски беше совлада од ситуација која носи многу прашалници.

На зачетокот од
акцијата, Фулки беше во офсајд па судијата мораше да се консултира со ВАР. Хавиер
Алберола Рохас на крајот реши да го потврди голот, сметајќи дека Французнот не
влијаел на играта.

Но јасно се гледа
дека играчот на Хетафе тргне кон топката и го повлече директниот чувар Алекс
Морено, кој во обидот да интервенира реагираше неспретно, па домаќините го
задржаа поседот на топката и создадоа шанса која Мата ја претвори во 1-0.

Минатата недела, кога Атлетико го победи Рајо со 0-1, имаше офсајд и во зачетокот на акцијата по која Гризман со доза на среќа го совлада Димитриевски. И тогаш беше одлучено дека Мората не влијаел на играта, но денешниот инцидент е многу посомнителен.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани