76
Премиерлигашите
калкулираа со ВАР, сметаа дека видео технологијата не е решение, но по серијата
грешки, таа ќе се применува од следната сезона. Сепак тоа може да биде предоцна
за Фулам.
Фенерџијата
вечерва имаше водство на гостувањето кај Вест Хем, но „чеканите“ по половина час
игра се вратија во живот откако Хавиер Ернандез постигна гол со рака за 1-1. По
една мешаница во петерецот, топкта дојде на подалечната статива каде популарниот Чичарито
итро реагираше, ја подмести раката до главата и ги измами судиите.
Вест Хем пред
крајот на првиот дел погоди за 2-1 а во последните мигови од мечот и за 3-1, па
Фулам на кого очајно му требаат бодови за опстанок, остана со празни раце.