Милан се разбуди на стартот од вториот дел и за две минути го реши Емполи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На стартот од 25.
коло во Серија А, Милан славеше во дуелот со Емполи. Избраниците на Гатузо беа
прилично тивки во првиот дел, Пакета погоди во 10. минута но ВАР оправдано го
поништи голот поради офсајд.

По ова
возбудување, домаќините не успеаја посериозно да се заканат по голот на гостите, а ниту
пак Емполи беше расположен за разигрување.

Сепак, Милан се  разбуди на почетокот на вториот дел и за две
минути ги реши дилемите околу победникот. Најпрво Чалханоглу му асистираше на
Пјонтек за 1-0 во 49. минута, за потоа Кастиљехо одлично да го проигра Кеси,
кој мајсторски лобуваше за 2-0 во 51. минута од мечот.

Конечниот
резултат го постави Кастиљехо, кој на поблиската статива само постави нога и
рутински го смести додавањето на Конти во мрежата на гостите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×