Рамон Калдерон е
човекот кој го донесе ЦР7 на Сантијаго Бернабеу откако се договори со Манчестер
јунајтед за трансфер вреден 80 милиони фунти, но тој никогаш од ложата не се гордееше
со ова засилување, бидејќи Флорентино Перез беше на чело кога зделката се
комплетираше во 2009.
Во интервју за Радио
Виља Тринидад, Рамон Калдерон сега ја даде својата верзија за настаните кои
придонесоа Португалецот минатото лето да замине од Мадрид, што според него е историска
грешка.
„Кристијано
побара поголема плата откако ја освои Лигата на шампионите и Флорентино Перез
го одби. Роналдо дополнително се налути кога слушна дека Реал е подготвен да
плати многу пари за Нејмар“ – вели Калдерон.
„Флорентино му
кажа дека ќе му дозволи да замине доколку донесе чек од 100 милиони евра, и токму
тоа се случи“.
Рамон Калдерон додава
дека Флорентино Перез тешко се помирувал со фактот што тој го договорил
трансферот на Кристијано Роналдо.
„Флорентино не прифаќаше дека ангажманот на Кристијано е мое дело. Не можам да
негирам дека Перез е одличен претседател, но не сака да ги прифати работите
кои други ги направиле за доброто на клубот и тој само ги наследил. Истото се
случи со Касиљас, Раул, Робен, Снајдер“.
Тој исто така го впери прстот кон Флорентино Перез и за заминувањето на Зинедин Зидан.
„Јасно е дека
Зидан побара од Флорентино Перез одредени работи но не ги доби. Едно од
барањата беше Кристијано никогаш да не замине“.