Лоши вести за Челси, клубот нема да може да потпишува со нови фудбалери во наредните два преодни рока поради прекршување на правилата за ангажман на млади фудбалери.
Исто така Челси ќе треба да плати глоба од 600.000 франци, додека ФА е казнета со 510.000 франци.
Казната не му забранува на Челси да продава играчи, па се уште ќе постои можноста Азар да замине во Реал Мадрид, но англискиот тим не би можел да донесе негова замена.
Казната доаѓа по истрагата на ФИФА за трансферите на Челси на странски млади фудбалери под 18 години.
Според документи од „Фудбал ликс“, 19 трансфери на Челси биле разгледувани во тригодишна истрага. 14 од тие засилувања биле под 18 години.
Ваквата казна ќе му биде проблем на Челси и во потрагата по нов тренер, веројатно нема амбициозен стратег кој би се нафатил на позицијата а притоа да нема можност да ангажира нови засилувања. Актуелниот тим на сините не е доволно квалитетен да се бори за најголемите трофеи.