Манчестер јунајтед има само еден пораз откако Оле Гунар Солскјер го превзема тимот, и тоа во Лигата на шампионите од ПСЖ, Ливерпул нема право на кикс во трката за шампионската титула со Манчестер Сити.
На денешната прес конференција Оле Гунар најави враќање на Ентони Марсијал и Џеси Лингард кои беа надвор од стројот поради повреди.
Тие се повредија на мечот против ПСЖ кој порано го завршија, но се при крај со рехабилитацијата и во недела би можеле да бидат во комбинација за големото дерби.
„Добри сме. Се надевам дека Џеси ќе биде океј. Повеќе се надевам отколку што мислам дека Ентони ќе биде добар. Имаме уште два тренинзи ќе видиме како ќе ги поминат и ќе одлучиме дали ќе играат“, вели Солскјер.
„Секој играч има свои атрибути и мислам дека против Челси покажавме дека можеме и без нив“.
„Имаме опции, составот е широк со добри фудбалери и секој сака да игра на овој натпревар“.