71
„Газета дело Спорт“ утринава пласираше вест дека Ванда Нара доставила ултиматум до Интер, да му ја вратат капитенската лента на Икради во спротивно тој нема никогаш веќе да игра за нив.
Таа наводно побарала и клубот да му се извини на нејзиниот сопруг за стресот кој го претпел по одземената лента.
Таа сега со твит ги негира ваквите пишувања: „Срамота! Продолжуваат да пишуваат ѓубре кое е уште поопасно. Секогаш има само една вистина“.
Икарди нема играно за Интер откако му е одземена капитенската лента.Тој се жали на повреда и оди на физиотерапија. Информациите од Италија велат дека тој утре ќе биде подложен на тестови со цел да се види тежината на повредата.