Хари Кејн се
врати на тренинзите на првата екипа на Тотенхем во текот на вчерашниот ден, а
на Островот најавуваат дека напаѓачот би можел да се врати на терените уште
претстојниов викенд, што е за две седмици однапред во однос на очекувањата.
Капитенот на
Гордиот Албион се врати во стројот на Маурисио Покетино откако аргентинскиот
фудбалски стратег му даде слободен викенд на својот тим по натпреварите во ФА
Купот, каде тимот од Лондон нема учество по елиминацијата од Кристал Палас.
Тотенхем го
совлада тимот на Борусија Дортмунд со 3-0 во првата пресметка од осминафиналето
од Лигата на шампионите, веќе е со една нога во четвртфиналето од тоа
натпреварување, а сигурно ќе има и големо засилување во нападот.
Кејн имаше повреда
на зглобот, а таа повреда го оддалечи од терените речиси еден месец, истата ја
заработи во дуелот со Манчестер јунајтед, а би можел да се врати претстојниов
викенд.
Тотенхем во
сабота гостува кај Барнли во рамките на 27 коло од англиската Премиерлига каде
во моментов со 60 бода заостанува со пет бода зад вториот Ливерпул, исто колку
што има и Манчестер Сити, но со меч повеќе.