Во последните неколку години има тренд на преселба на млади талентирани играчи од Англија во Германија. Најпознат е трансферот на Џејдон Санчо, кој во 2017 потпиша за Борусија Дортмунд.
18 годишниот офанзивен фудбалер оваа сезона блесна па дури доби и повик од Саутгејт и настапи за сениорската репрезентација на „Трите Лава“.
Медиумите шпекулираат за негово можно враќање во Премиерлигата, кое ќе чини најмалку десет пати повеќе од она што „милионерите“ го платија за него (околу 8 милиони фунти).
Јирген Клоп сега открива дека сакал да го донесе Џејдон Санчо на Енфилд, но објасни дека немал никакви шанси бидеќи Манчестер Сити одбивал да го продаде на ривал од Премиерлигата.
„Не сме слепи, видовме за каков талент се работи, ни се допадна и почнавме да размилуваме, „можеме ли да го добиеме?“ Одговорот беше не. Англиските клубови не продаваат на ривали. Не знам која е причината за ова, но не го прават тоа“ – вели Германецот.
Утрешниот противник на Ливерпул во Лигата на шампионите, Баерн Минхен во јануари се обиде да донесе талентиран играч од Премиерлигата, достави неколку понуди до Челси за Калум Хадсон Одои, но „сините“ одбија да се разделат со 18 годишниот фудбалер и покрај тоа што последниот предлог на „баварците“ беше веден 35 милиони фунти.