Маурицио Сари би
добил отказ на клупата на Челси, веднаш штом челниците на тој клуб увидат дека
истиот се оддалечува од најважната цел за оваа сезона, а тоа е место во првите
четири на табелата во Премиерлигата, односно, место во Лигата на шампионите, пишува
Тајмс.
По
катастрофалните изданија против Борнмут, односно Манчестер Сити, Челси претрпе
порази од 4-0 и 6-0, последниот се чини сериозно
ја наруши атмосферата во тимот, а многумина сметаат дека италијанскиот
фудбалски стратег нема контрола над своите избраници и веќе наликува на
изолирана особа.
Тоа што е исто
така поразително за Сари, е фактот што претседателот на Челси, Брус Бак на
изненадување на многумина, се појави на пресконференцијата на Италијанецот во
пресрет на денешното гостување кај Малме во Шведска, во рамките на првиот меч
помеѓу обете екипи од 16финалето од Лига Европа.
Трофејот во Лига
Европа исто така е посакуван од челниците на Челси, истиот ги отвора ширум
портите од Лигата на шампионите за идната сезона, а веројатно е дека Сари доста
сериозно ќе му пристапи на второто по ранг европско клупско натпреварување.
Што се однесува
пак до моменталната ситуација на табелата во Премиерлигата, Челси е шести со
освоени 50 бода од досегашните 26 одиграни натпревари, заостанува еден бод зад
Манчестер јунајтед кој игра во феноменална форма под кормилото на Оле Гунар
Солскјер.