Капело: Икарди ја носи ленатата, но неговата сопруга е капитенот!

by
1 минути читање

Икарди повеќе не е капитен на Интер, ленатата му беше одземена и му беше доделена на голманот Самир Хандановиќ. По што фудбалерот одби да патува со тимот на натпреварот против Рапид.

Агент на Икарди е неговата сопруга Ванда Нара која многу често во медиумите знае да даде провокативни изјави кои се на штета на клубот. Капело смета дека токму таа е причината за сите недоразбирања меѓу фудбалерот и клубот.

„Во соблекувалната не можете да прифатите дека неговата сопруга зборува лоши работи за тимот без тој да застане во одбрана на екипата. Икарди се поздравува со судијата на натпреварот, но капитенот на Интер е во неговиот дом. Од она што можам да заклучам, ова е одлука на Марота која треба да послужи како пример и за него и за сите други, дури и за тренерот кои со некои изјави притискаше за нов договор со капитенот а тоа создаваше тензија. Марота го движи клубот во вистинска насока, бара сериозност, посветеност, малку зборување и работа, тоа што го правеше и во Јуве“, вели Фабио Капело.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани