УЕФА објасни зошто ВАР го поништил голот на Ајакс за водство против Реал (ФОТО)

by
2 минути читање

Видео технологијата вечерва имаше свое деби во Лигата на шампионите, но очигледно не можеше поинаку и ВАР мораше да предизвика контроверзија и во најелитното европско натпреварување.

Фудбалските љубители на социјалните мрежи имаа поделени мислења за одлуката на Скомина, а по крајот на мечот, УЕФА излезе со објаснување.

„ВАР во ЛШ: во 38. минута од мечот помеѓу Ајакс и Реал Мадрид, голот на Николас Таљафико со глава беше поништен по прегледување на снимките со ВАР. Судијата процени дека соиграчот на Таљафико, Душан Тадиќ е во офсајд позиција и му пречи на голманот, со што го оневозможува да игра или да биде во можност да игра со топката во моментот кога Таљафико со глава ја удира топката. Ова е во рамките на протоколот на ВАР и голот коректно беше поништен и беше досуден офсајд“ – се вели во образложението на УЕФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани