63
Лидс не беше во добра форма пред денешниот меч со Свонси, но дојде до трите бода кои треба да влијаат позитивно за самодовербата во пресрет на финишот од сезоната.
Алиоски во 20. минута шутираше од далечина, топката некако дојде до Јансон кој погоди за 1-0. 15 минути подоцна македонскиот фудбалер центрираше убаво а Харисон со глава реализираше за 2-0. Во финишот од мечот Свонси успеа само да го ублажи поразот.
Лидс се враќа на врвот поради поразот на Норич од 3-1 на гостувањето кај Престон.
По 32 одиграни кола Лидс е прв со 61 бод, Норич има 60, Шефилд јунајтед 58.