Клоп во проблеми по коментарите за судијата од ремито со Вест Хем

by
1 минути читање

Во последното
одиграно коло изминатиот викенд, Ливерпул славеше убедлива победа над Борнмут
со 4-0 на домашен терен, но, во претходното киксираше на гостувањето кај Вест
Хем, играјќи само 1-1, а со тоа трката за титулата во Премиерлигата со големиот
ривал Манчестер Сити повторно се врати во живот.

Шефот на
стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп сега е на тапет кај Фудбалската
асоцијација на Англија, поради коментарите за главниот арбитар од средбата со
Вест Хем, Кевин Френд.

Слушнав дека
нашиот гол беше постигнат од офсајд, сигурен сум дека судијата го знаеше тоа во
второто полувреме
“ рече Клоп по тој меч.

Во ситуација
50-50, или 60-40, секогаш беше доделуван слободен удар за противничката екипа,
тоа беше доста тешко за нас, ни ја направи ситуацијата комплицирана
“ додаде
тогаш Германецот, алудирајќи на тоа дека Френд имал наклонетост кон Вест Хем во
второто полувреме, најверојатно да се „поправи“ за грешката откако беше
признаен голот за Ливерпул од офсајд позиција.

Поради тие
коментари, Клоп беше контактиран од надлежните во ФА, а до петок, германскиот
фудбалски стратег ќе мора да ги објасни тие коментари, доколку се докаже дека „претерал“
во коментарите, сигурно го очекува суспензија или одредена парична казна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани