Барселона нема планови за нов договор за Ракитиќ

by
1 минути читање

Иван Ракитиќ
неколкупати јавно истакна колку би му значело да добие нов договор од
Барселона, иако актуелниот е со важност до 2021. година, 30 годишниот Хрват
јасно порача дека сака да остане на Камп Ноу на подолг рок.

Минатото лето,
фудбалерот од средниот ред на Каталонците одби понуда од ПСЖ, а сега сака нов
договор од Барселона, секако, со подобри услови во истиот, но, клубот, барем
засега нема исти планови како неговите, пишува Спорт.

Се вели дека
челниците на Барселона уште во тој летен преоден рок го предупредиле Хрватот
дека нема да добие побогат договор, а истиот став го имаат и сега, па Ракитиќ
сега ќе мора добро да подразмисли што да направи во иднина, ако се земе во
предвид дека Барселона сигурно нема да го продаде за било која цена.

ПСЖ му понуди
двојно повисока плата, но, Валверде тогаш учествуваше во убедувањето на Хрватот
да остане, веднаш потоа Ракитиќ побара и гест од Каталонците, но, тие не
одговорија на неговото барање, од тогаш, па наваму, ништо не се промени.

Челси, Манчестер
јунајтед, Баерн Минхен, Јувентус и Интер веќе имаат пријавено интерес за
Ракитиќ и одблизу ја следат ситуацијата со искусниот фудбалер од средниот ред
на Каталонците, ПСЖ, кој оваа година не пријавува никаков интерес, понуди 90
милиони евра во август, а Барселона како клуб, иако беше близу да си подаде
рака со францускиот тим, Валверде и Ракитиќ ја прекинаа таа „операција“, се
чини дека на лето ситуацијата ќе биде поинаква.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани