На Брозовиќ му се „допадна“ одземањето на капитентската лента на Икарди (ФОТО)

by
1 минути читање

Се чини дека на
Бепе Марота му дојде преку глава од ситуацијата со Мауро Икарди, неговата
сопруга Ванда Нара, која инаку е и негов агент, постојано даваше коментари за
јавноста поврзани со преговорите за нов договор за напаѓачот на Интер
, а честопати и ја менуваше приказната за
тоа што се случува.

Извесно е дека
Марота сака да воведе ред во Интер, а Икарди веројатно доби „воспитна“ од
клубот, со тоа што најнапред му ја одзеде капитентската лента, а истата му ја
врачи на голманот Самир Хандановиќ, но, тука не запре шокот за напаѓачот.

Аргентинскиот
напаѓач дури не се најде ниту во составот на Интер за утрешното гостување кај
Рапид во Виена во првата пресметка со австрискиот тим во 16 финалето од Лига
Европа.

Соиграчот на
Икарди, Марсело Брозовиќ имаше еден доста интересен и крајно контроверзен потег
на социјалните мрежи, откако лајкна дури три објави на социјалните мрежи на кои
имаше објава дека му е одземена капитентската лента на Аргентинецот.

Засега нема
никакви подетални информации за тоа што се случува во Интер за случајот со
Икарди, сега засега останува само на шпекулации, а сигурно ќе има прашања до
Спалети на пресконференцијата пред мечот со Рапид, прашања поврзани со Икарди
на кои тренерот на Интер ќе мора да даде некој одговор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани