Бешикташ не игра
во посакуваната форма, а во моментов заостанува седум бода зад лидерот Истанбул
Башакшехир по 17 одиграни кола во турската Суперлига, па така, шефот на
стручниот штаб на тимот, Шењол Ѓунеш е во потрага по искусен и квалитетен
напаѓач.
Веројатно
искусниот стратег не е задоволен од перформансите на Бабел, Љајиќ, како и Лав,
па тој посакува нападот да го засили и со македонскиот бомбардер од редовите на
Коњаспор, Адис Јаховиќ.
31 годишниот
Јаховиќ оваа година во јануари се приклучи на редовите на Коњаспор, клуб со кој
има договор до 2020. година, а Бешикташ за услугите на Македонецот нуди 1,6
милиони евра, скромна понуда која е близу до онаа од 1,5 милиони евра, сума
која Коњаспор му ги исплати на Гезтепе.
Јаховиќ сезонава
има постигнато пет погодоци, од кои два во ударите од белата точка, а тоа што е
интересно како податок за офанзивниот ред на Бешикташ, ниту еден напаѓач од таа
екипа не е помеѓу првите 15 стрелци во лигата досега, токму на 15. позиција е
нашиот фудбалер.