Азар ужива во улогата на „лажна деветка“

by
1 минути читање

Челси викендов на
домашен терен го пречекува Лестер, а на мечот кој ќе се одигра на Стемфорд
Бриџ, се чини дека Азар би добил една старо-нова улога, која доколку успее
веројатно ќе стане и пракса за формациската поставеност на таа екипа.

Првата ѕвезда на
Челси, Еден Азар би можел на мечот против Лестер да игра како „лажна деветка“,
откако шефот на стручниот штаб на таа екипа, Маурицио Сари, истакна дека на
Белгиецот му се допаѓа таа улога во тимот.

Азар се обиде да
игра во една таква улога под кормилото на Антонио Конте ланската сезона, но, во
тој период Белгиецот посочи дека не ужива на теренот на таа позиција. Сепак, не
е таков случајот и под водство на Сари, кој посочи дека Азар реагирал одлично
на транзицијата.

Тој ми рече дека
му се допаѓа таа улога на теренот. Не бев тука ланската сезона, не знам зошто
Азар така рекол, во моментов, нему му се допаѓа многу да игра на таа позиција

издвои Сари навестувајќи дека Азар утре би можел да настапи како „лажна деветка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани