Новинар близок до Лотито го откри името на идниот клуб на Милинковиќ-Савиќ

by
1 минути читање

И покрај лошиот
старт на новата сезона, Сергеј Милинковиќ-Савиќ е се уште фудбалер по кој
интерес пријавуваат голем број европски гиганти, а од поодамна се шпекулира
дека најзагреани за неговите услуги се Интер и Јувентус.

Сепак, обата
клуба би можеле да останат со празни раце во трката за потписот на Србинот,
откако од Италија пристигна интересна вест за иднината на 23 годишниот
фудбалер.

Добро познатиот
новинар Франко Мели, говорејќи во интервју за Радио Радио, вели дека преговорите
помеѓу Лацио и Милан за трансфер на Србинот на Сан Сиро во јануарскиот преоден
рок се веќе во финалето.

Мели е инаку во
мошне блиски релации со првиот човек на Лацијалите, Клаудио Лотито, а во однос
на ова, тој додава дека Милан за Милинковиќ-Савиќ ќе издвои 70 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани