Тотенхем пресече, Покетино во Манчестер јунајтед е забранета тема, новинарите добија мала лекција (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Аргентинецот се
посочува како прва опција на „ѓаволите“ како трајно решение и превземање на кормилото по крајот на
сезоната, па новинарите одново ја отворија оваа тема на денешната прес
конференција.

Сепак, веднаш се
замеша шефот за комуникации на Тотенхем кој забрани
Маурисио Покетино да говори за Манчестер јунајтед. Тој речиси две минути им
држеше лекција на медиумите, и објасни дека стратегот веќе еднаш го коментирал
отказот на Жозе Мурињо и нема потреба да се повторува.

„Веќе ја
поминавме темата Манчестер јунајтед и нивниот тренер. Се што е поврзано со
Манчестер јунајтед го слушнавме пред 48 часа. Нема да дозволам уште една прес
конференција да биде доминирана од оваа тема. Вашиот човек беше тука во
вторникот и ги постави истите прашања, па нема да дозволам да се повторуваме и
ќе ве замолам да продолжиме понатаму“
– рече шефот за комуникации на „Спарси“.

Новинарот на
„Скај“ не се сложи со ова, но Сајмон Фелстајн брзо го прекина: „Со почит ви
кажувам да продолжиме понатаму. Ве поканивме тука да зборуваме за фудбалски
натпревар и вие доаѓате и го прашувате нашиот тренер за работа во друг клуб. Нема да
го дозволам тоа“.

Кога му беше
сугерирано дека шпекулациите ќе кружат со месеци, шефот за комуникации на
Тотенхем додаде: „Немам ништо против, оставете ги луѓето да шпекулираат. Но јас нема да
дозволиме оваа тема да доминира на нашите прес конференции, има за што друго да
се зборува“.

Маурисио Покетино
уживаше во ова натегање на шефот за комуникации со новинарите, па Аргентинецот
со насмевка на лицето кратко проговори: „Очигледно ќе бидеш ѕвезда на прес
конференциите“.



Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани