Шефот на
стручниот штаб на Тотенхем го повика Арсенал да ја идентификува особата која
синоќа од гледалиштето на арената во Лондон фрли шише кон Деле Али, во текот на
мечот од четвртфиналето во Карабао Купот каде Тотенхем славеше со 0-2.
„Среќа е што не е
нешто големо, за мене, во ред, играме дерби и се мразиме меѓусебно на некој
позитивен начин, но, лош начин е тоа да сакате да повредите некој од
спротивната екипа“ посочи Покетино а притоа во изјавата беше јасен, само ‘глупави’ луѓе можат да сторат такво нешто.
Видео од
инцидентот проследете – ТУКА.
„Не можам да зборувам
на генерална основа, но, само глупава особа може да направи таква грешка, ги
почитувам навивачите на Арсенал, исто така ги почитувам и професионалците од
таа екипа, како и нашите навивачи“ додаде Аргентинецот и повика на одговорност.
„Се надевам дека Арсенал
ќе преземе одговорност и користејќи ги снимките од камерите ќе ја идентификува
особата бидејќи тоа не е голем проблем, но, може да биде голем проблем, некое
големо предупредување, и сега, веднаш, тоа мораме да го решиме“ заклучи
Покетино.