Адриен Рабио
наводно се договорил за личните услови со Барселона, каде, според најавите би
требало да се приклучи идната година, се вели во информациите кои за јавноста
ги објави Ел Мундо Депортиво.
23 годишниот
фудбалер од средниот ред е во последната година од договорот со францускиот
првак ПСЖ, а тој беше поврзуван со неколку европски гиганти, меѓу кои, фаворит
беше Барселона, а извесно е дека Каталонците ќе бидат тие кои ќе го добијат
неговиот потпис.
Исто така, се
наведува дека Рабио би можел да си замине од ПСЖ уште во јануарскиот преоден
рок, веројатно за двојно пониска цена од предвидената, колку што вреди тој на
трансфер пазарот, во спротивно, ПСЖ ќе остане со празни раце во идното лето.
Оваа седмица,
спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике ја коментираше ситуацијата со Рабио,
и посочи дека, доколку тој и понатаму одбива да потпише нов договор со тимот од
Париз, ќе остане на клупата за резервни фудбалери.
„Фудбалерот ме
информираше дека нема да потпише нов договор и дека сака да си замине од клубот
како слободен играч на трансфер пазарот на крајот од сезоната, за мене
ситуацијата е јасна, консеквенциите исто така – ќе си остане на клупата на
неодредено време“ рече Енрике.