Шпекулациите
велат дека Манчестер јунајтед веќе го контактирал Зинедин Зидан за тој да го
преземе кормилото на Премиерлигашот на кое како привремена опција е Оле Гунар
Солскјаер, по отказот за Жозе Мурињо.
Сепак, Премиерлигашот
понудил опција Французинот да го преземе жешкото столче на тимот по крајот на
актуелната сезона, дотогаш, барем според најавите, на таа позиција треба да
биде Солскјаер.
Зидан, кој си
замина од Реал Мадрид оваа година, откако ја покори цела Европа со екипата на
Реал Мадрид во изминатите сезони, се вели дека е отворен за преговори, но,
барем засега нема никаков одговор од негова страна на понудата од Манчестер
јунајтед.
Францускиот
фудбалски стратег освои три редоследни титули во Лигата на шампионите
предводејќи ги Кралевите во 18-те месеци на клупата на шпанскиот гигант, се
вели дека токму тој е профилот на тренер кој Црвените ѓаволи го бараат.
Познато е дека
Маурицио Покетино исто така е голем кандидат за клупата на Манчестер јунајтед,
но, со оглед на тоа што аргентинскиот стратег е под договор со Тотенхем, тоа
што Зидан е „слободен“ од обврски кон било кој клуб, веројатно му дава предност
на Французинот во оваа трка.