Адидас го доби Рафиња на суд, Бразилецот ќе мора да ги носи нивните копачки

by
1 минути читање

Судот во
Холандија донесе одлука со која фудбалерот од средниот ред на Барселона,
Рафиња, ќе мора да ги носи копачките на Адидас во иднина, во спротивно ќе плаќа
казна од 10,000 евра за секој ден кога ќе одбие тоа да го стори, односно,
доколку не го почитува договорот, казнат а би достигнала до еден милион евра.

Брендот за
спортска опрема тврдеше дека Бразилецот го прекршил договорот со тоа што не ги
носел копачките од таа компанија цели пет месеци, а Рафиња поради бизарна
причина мислел дека договорот бил истечен.

Адидас тврдеше
дека имал опција да го продолжи договорот за пет години, а во окружниот суд во
Амстердам, каде се водеше тој случај, а воедно и тоа е градот каде бил склучен
договорот, претставниците на фудбалерот тврделе дека Адидас не му пружил
поддршка на Рафиња во неговите сериозни повреди здобиени во 2015. односно 2017.
година, па тоа го наведуваа како причина за одбивањето на фудбалерот.

Претставниците на
Рафиња тврделе дека Адидас ја криел клаузулата за продолжување на договорот во
мал дел од истиот, кој веројатно Рафиња не го прочитал, ниту проверил тој дел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани