Поразот од
Ливерпул ја прели чашата, Манчестер јунајтед вчера реши да се раздели со Жозе
Мурињо по најлошиот старт на една сезона во последните 28 години.
Според пишувањата
на Мирор, расположението во тренинг центарот на „ѓаволите“ драматично се променило
по веста за отказот на Португалецот, а Пол Погба бил тој кој го предводел
славјето. Весникот, повикувајќи се на извор од соблекувалната, вели дека Пол
Погба веднаш почнал да прави „да пукне“ со соиграчите
„Никој не сака да
види како одредено лице останува без работа, но расположението веднаш се
промени, играчите одново беа среќни, насмеани и едвај чекаа да излезат на
тренинг“ – вели изворот од Олд Трафорд „Промената во расположението беше како
ноќ и ден“.
Французинот
неколку пати се судри со Жозе Мурињо, двајцата постојано беа во војна, и често
се говореше дека еден од нив сигурно ќе го напушти клубот до крајот на сезоната.
Пол Погба имаше и
провокативен пост на социјалните мрежи десетина минути по вестите за отказот,
кој сепак набрзо беше избришан. Луѓето кои се грижат за неговата кариера се
правдаа дека се работело за лош тајминг на веќе планирана кампања.
Ваквото алиби
сепак не поминува кај лидерите на Манчестер јунајтед па се говори дека тие ќе
го казнат играчот со една неделна плата, или околу 300.000 фунти.