Барселона нема да
повлече потег за да го ангажира поранешниот член на најлутиот ривал, Реал
Мадрид, португалскиот дефанзивец Пепе, пишуваат во Шпанија.
35 годишниот Пепе
имаше 52 настапи во дресот на Бешикташ, а го напушти турскиот прволигаш шест
месеци однапред во однос на неговиот договор, тој како слободен играч на
трансфер пазарот се приклучи на таа екипа лани по завршувањето на обврските со
Реал Мадрид.
Поради повредите
во тимот, се појавија одредени шпекулации дека Пепе би бил еден од
потенцијалните кандидати за засилување на дефанзивната линија на Барселона уште
во јануарскиот преоден рок, но, извесно е дека до тоа нема да дојде.
Томас Вермален и
Самуел Умтити се здобија со повреди и не се во можност за настап, а тоа ги
доведе во ситуација Каталонците да ги имаат Клемен Ленгле и Џерард Пике како
единствени централни дефанзивци во моментов.