45 годишниот Оле
Гунар Солскјаер е нов тренер на Манчестер јунајтед, ова доаѓа по отказот кој
клубот му го врачи на Жозе Мурињо во текот на вчерашниот ден, а иако се
очекуваше неговата улога привремено да ја замени Мајкл Карик, сепак, клубот
назначи друг на таа позиција.
„Ние можеме да
потврдиме дека Оле Гунар Солскјаер е назначен за тренер до крајот на сезоната
2018/19“ напиша англискиот клуб на социјалните мрежи а воедно додаде дека
Норвежанецот во стручниот штаб ќе ги има Мајк Фелан, Мајкл Карик и Кјеран МекKен.
Солскјаер е
поранешен напаѓач на тимот од Олд Трафорд кој забележа 235 настапи на кои
постигна и 95 погодоци, претходно на Островот го предводеше тимот на Кардиф, и
тоа една година, во која на 30 натпревари забележа 16 порази, 9 победи и 5
ремија.
class="twitter-tweet" data-lang="en">We can confirm that Ole Gunnar
Solskjaer has been appointed as caretaker manager until the end of the 2018/19
season.He will be joined by Mike Phelan as first-team
coach, together with Michael Carrick and Kieran McKenna. #MUFC—
Manchester United (@ManUtd) December
19, 2018