Сопругата на Мауро Икарди ја разбранува јавноста откако синоќа откри дека Интер сакал да го продаде напаѓачот на Јувентус изминатово лето, и порача дека се уште не добиле понуда за продолжување на соработката.
„Далеку сме од договор, понудата на Интер не постои, треба да седнам да разговарам со нив“ – рече Ванда Нара во шоуто Тика Така.. „Интер минатото лето сакаше да го прати во Јувентус, но Мауро кажа не. Одби повеќе пари. Јувентус се обиде да не убеди со ветување дека Икарди ќе биде единствениот број 9 и ќе игра покрај Кристијано Роналдо…“
Но според пишувањата на Скај Италија, Интер има доставено нов договор до Мауро Икарди вреден 6 милиони евра по сезона, односно поголема плата за околу 1,5 милиони евра во однос на сегашните примања.
Ваквите информации ги потврди и директорот Пјеро Аусилио кој изјави: „Агентот на Икарди знае како може да стапи во контакт со мене, или да ме најде во канцелариите или да ме побара на телефон. Се останато, социјални мрежи, медиуми, ток-шоу, не ме интересира“.
„Пред два месеци доставивме предлог до Икарди, тој до овој момент нема одговорено. Но тоа не значи дека нема да падне договор. Што се однесува до нас, подготвени сме да продолжиме со преговорите и да продолжиме да работиме заедно. Но Интер и јас ќе зборуваме само во канцелариите, не на социјалните мрежи или на телевизија. Јас и Бепе Марота им стоиме на располагање на сите“.
„Што се однесува до тврдењата дека сме сакале да го продадеме Икарди на Јувентус, можам само да одговорам со насмевка и да кажам немам коментар. Подобро е да не ставаме етекети на вакви изјави за време на Божиќ…“