Зидан е прв фаворит за нов тренер на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

И покрај најавите
дека Мајкл Карик би можел да го предводи тимот на Манчестер јунајтед до крајот
на сезоната, сепак, Скај Спортс тврди дека поранешниот фудбалер на таа екипа ќе
биде само привремено решение за таа позиција.

Зинедин Зидан е
прв кандидат за жешкото тренерско столче на Премиерлигашот, поранешниот тренер
на Реал Мадрид кој ја покори Европа со таа екипа, во моментов е без ангажман, а
тој се споменуваше како опција за тимот од Олд Трафорд уште во летото.

Втор на листата е
Маурицио Покетино, кој во моментов го предводи тимот на Тотенхем, а веднаш него
следи Антонио Конте, кој, по заминувањето од Челси се уште нема ангажман.

Лорен Блан и
Леонардо Жардим се исто така поврзани со Манчестер јунајтед, а според очекувањата кои букмејкерите ги имаат во однос на тоа кои се најголемите
фаворити да го преземат кормилото на Премиерлигашот
, се споменува и Арсен Венгер.

Мурињо беше шеф
на стручниот штаб на Премиерлигашот две ипол години, а таа екипа ја предводеше
на 144 натпревари, победувајќи во 84 од истите. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани