217
Неславно заврши периодот на Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед, клубот денеска му врачи отказ на Португалецот.
Според англиските медиуми, Манчестер јунајтед на Мурињо ќе му исплати обесштетување од 24 милиони фунти за отказот.
Тоа е сумата која треба да ја добие Португалецот доколку двете страни не постигнале некој спогодбен договор за разделба со помала оштета.
Во интервју за „Газета дело Спорт“ во септември Мурињо запрашан дали очекува да добие отказ, на шала тогаш одговори: „Велат дека сум во опасност, но јас не мислам така. Знаете ли колку пари треба да ми дадат ако ме избркаат?“.
Клубот нема официјално да ја соопшти сумата за обесштетување, но според англиските медиуми таа е 24 милиони фунти.