Жозе Мурињо доби отказ од Манчестер јунајтед!

by
1 минути читање

Жозе Мурињо не успеа да ја заврши третата сезона на Олд Трафорд, Манчестер јунајтед му врачи отказ на Португалецот.

Мурињо имаше солидна прва сезона во која ја освои Лига Европа со Манчестер јунајтед и англискиот лига куп. Минатата сезона заврши на второто место во Премиерлигата, но оваа резултатите беа очајни.

Манчестер јунајтед е шести во Премиерлигата со 19 бодови помалку од лидерот Ливерпул од кој изгуби во неделата со 3-1.

Португалскиот стратег имаше и нарушени односи со неколку фудбалери меѓу кои со Пол Погба па атмосферата во тимот не беше на потребното ниво.

„Клубот сака да му се заблагодари на Жозе за неговата работа во Манчестер јунајтед и да му посака успех во иднина“, стои во соопштението на Манчестер јунајтед.

Тие ќе назначат привремен тренер до крајот на сезоната и ќе влезат во потрага по нов менаџер за новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани