65
Диего Симеоне
потврди дека сигурно еден ден ќе се врати во Интер, но, тој додава дека
работите во Атлетико Мадрид течат според плановите.
„Се уште имам
договор со Атлетико Мадрид, истиот ми истекува по една година, а работите течат
според плановите“ рече Симеоне.
„Мислам дека бев
јасен во однос на тоа прашање, можеби се изјаснив 2,000 пати досега, во однос
на можноста да се вратам во Интер. Нема потреба ништо да се додаде отколку тоа
дека сигурно тоа ќе се случи еден ден“ заклучи аргентинскиот фудбалски стратег.
Линкот помеѓу
Симеоне и Интер беше повторно воспоставен од страна на медиумите, особено по
елиминацијата на Нероаѕурите во Лигата на шампионите.