75
Џенова два пати водеше против Рома но загуби со 3-2 на Олимпико, можеби и немаше да си отиде дома со пораз доколку судијата свирнеше пенал врз Горан Пандев во судиското продолжение.
Прекршокот беше јасен, но судијата не само што не досуди пенал, туку не се консултира ниту со ВАР.
„Чудно е бидејќи од клупата се виде дека туркањето беше чисто. Ситуацијата беше многу јасна. Се чувствуваме измамено. Не разбирам зошто ситуацијата не беше прегледана од ВАР“, изјави тренерот на Џенова, Чезаре Прандели.
За инцидентот се огласи и Пандев, неговата изјава можете да ја прочитате ТУКА.