Бекот на Арсенал,
Ектор Бељерин ќе паузира ‘неколку
седмици’, барем според
зборовите на шефот на стручниот штаб на Топчиите, Унаи Емери, по вчерашниот
пораз на таа екипа на гостувањето кај Саутемптон од 3-2 во редовното коло од
Премиерлигата.
„Ќе сочекаме за
подетални информации, тоа можеби ќе се случи до вторник, а веќе среда не
очекува нов натпревар, а потоа и во сабота исто“ рече Емери мислејќи на
натпреварите против Тотенхем во Лига купот, како и Барнли во Премиерлигата.
„Нам ни е
потребен секој фудбалер од тимот, Бељерин исто така, неговата повреда од тоа
што можев да го видам не е сериозна, барем од првичните информации кои ги
добив, мислам дека тој ќе отсуствува од терените неколку седмици“ додаде Емери.
Добрата вест за
фановите на Арсенал, барем во однос на дефанзивната линија е тоа што се враќа
Сократис, како и Мустафи и Колашинац, а за наредните натпревари, а во тимот веќе се врати Кошчиелни, кој викендов ги одигра сите 90 минути од пресметката против Саутемптон..