Манчестер
јунајтед имаше реми на гостувањето кај Ливерпул во дербито на 17 коло од
англиската Премиерлига, но, се’ до влегувањето во игра на Шаќири, кому му беа само три минути за да
повторно ги врати домаќините во водство, а потоа и да ја потврди победата од
3-1.
Сепак, тоа што
остана дилема од дербито, беше одлуката на Жозе Мурињо да го изостави Пол
Погба, а Французинот остана на клупата за резервни фудбалери до крајот на
средбата, притоа не добивајќи прилика за настап.
Шефот на
стручниот штаб на Црвените ѓаволи запрашан за таа одлука по крајот на мечот
даде свое образложение, тврди дека секогаш се обидува да го одбере тоа што е
најдобро за тимот, а додаде дека иако во средниот ред со Лингард, Матиќ и Ерера
е помалку загубен квалитетот, доброто е што неговите избраници се повеќе
агресивни на теренот, а воедно и имаат едноставна игра.
„Сум направил
многу одлуки во мојата кариера, многу. Сосема е нормално некого да оставите на
клупа и да стартувате со оние 11 со кои мислите да го почнете мечот. Јас
секогаш се обидувам да го одберам тоа што е најдоброто за тимот“ изјави
Португалецот притоа и индиректно посочувајќи ја причината за изоставувањето на Погба.
„Мислам дека
загубивме некој квалитет, но, истовремено станавме многу повеќе агресивни на
теренот, повеќе едноставни и повеќе интензивни без топка, јас сметам дека тоа е
начинот на кој треба да му се спротиставиме на брз тим како што е Ливерпул“
заклучи Мурињо.