Леванте минатата сезона и го нанесе на Барселона единствениот пораз, победи со 5-4 и не дозволи Каталонците да станат шампиони беш загубен меч.
Леванте добро го почна натпреварот, напаѓаше и се обидуваше да го загрози голот на Тер Штеген, домашните фудбалери ја погодија и пречката, но потоа Барса додаде гас и не дозволи ново изненадување.
Серијата голови почна во 35. минута кога Барди погреши, даде една топка на фудбалерите на Барса кои казнија, Меси фантастично асистираше до Суарез кој погоди за 1-0.
Пред крајот на првото полувреме Меси постигна гол за 2-0, а во вториот дел даде уште два гола за негов хет-трик и водство од 4-0.
Конечните 5-0 ги постави Пике во 88. минута, Меси асистираше и за овој гол со што Аргентинецот беше директен учесник во сите пет погодоци.
Меси стана првиот играч од петте најдобри лиги кои оваа сезона дојде до двоцифрен број на голови (14) и асистенции (10).
Македонскиот репрезентативец Енис Барди солидно ги одигра сите 90 минути, имаше еден силен шут од далечина кој заврши крај голот на Тер Штеген.