Ливерпул го доби големото дерби против Манчестер јунајтед, Џердан Шаќири е херојот на црвените, влезе во второто полувреме, постигна два гола и му донесе победа на својот тим
Резултатот беше отворен во 24. минута кога по прекрасна асистенција од Фабињо, Мане постигна гол за водство на Ливерпул од 1-0.
Но на Манчестер јунајтед му требаа помалку од десет минути да се врати, Лингард казни една катастрофална грешка на Алисон и изедначи на 1-1.
Ливерпул напаѓаше, бркаше ново водство, Манчестер јунајтед се бранеше повремено обидувајќи се од контра напади да го загрози противничкиот гол.
Во 70. минута Клоп во игра го стави Џердан Шаќири и тој беше херојот за Ливерпул на овој меч.
Само три минути по неговото влегување, Шаќири со многу среќа постигна гол за ново водство на Ливерпул, овој пат од 2-1.
Во 80. минута повторно Шаќири, и овој пат топката погоди играч на Јунајтед и заврши зад грбот на Де Геа за 3-1, веќе беше јасно кој е победникот на овој меч.
Со оваа победа Ливерпул се врати на првото место на табелата во Премиерлигата со бод повеќе од Манчестер Сити.