Навивачите на Севиља протестираат: Клубот не смее да биде продаден

by
2 минути читање

Навивачите на
шпанскиот прволигаш Севиља го кренаа својот глас негативно во однос на најавите
за преземање на клубот од страна на американскиот бизнисмен Роберт Крафт.

Крафт, инаку
сопственик на екипата која се натпреварува во НФЛ, Њу Ингланд Пејтриотс, како и
групацијата Крафт, се верува дека е блиску до преземање на шпанскиот прволигаш,
но, сево ова не наиде на одобрување кај навивачите на тој клуб.

Се верува дека
претседателот на Севиља, Пепе Кастро преговара за евентуална продажба на
клубот, но, оваа идеја се чини дека нема да мине лесно кај лојалните навивачи
кои истакнаа транспарент на мечот против Краснодар во Лига Европа каде ставија
јасно дознаење дека не треба ниту да се преговара за таква опција.

Меѓу другото, тие
во пораките испишаа
Севиља
не смее да биде продадена
, а
пораките ги фрлија на теренот по мечот каде Севиља го доби убедливо со 3-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани