Зидан со него ја покори Европа, а Куртоа го „брка“ во Премиерлигата?

by
1 минути читање

Кејлор Навас
наводно е незадоволен од статусот кој го има во редовите на европскиот шампион
Реал Мадрид, тој е резервна опција во гигантот каде прва опција е Тибо Куртоа.

Костариканецот
беше прва опција кај поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, а
довербата кај францускиот стратег ја оправдуваше со одлични перформанси, како
за потсетување, Навас три сезони беше опцијата која Зидан ја преферираше на
голманската позиција, а сите тие три сезони Кралевите ја освојуваа титулата во
Лигата на шампионите.

Сега, Навас
остана само на настапи во Купот, не добива никаква прилика ниту во Примера,
ниту пак во Лигата на шампионите, па се шпекулира дека ќе си замине од Мадрид.

Како негова
следна дестинација се споменува англиската Премиерлига, пред две години во
финалниот ден од преодниот рок од летниот преоден рок во 2015. година беше
предвидено Навас да ги засили редовите на Манчестер јунајтед, а Де Хеа да се
пресели на спротивната страна, но, документацијата за реализција на
договореното помеѓу обата клуба задоцни, па таа опција на крајот пропадна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани