72
Фенербахче игра очајна сезона, на турскиот гигант не му оди ништо од рака, холандските стратези Филип Коку и Ервин Куман потфрлија, па раководството се одлучи и за трета промена.
На клупата седнува добро познат стратег за навивачите на Фенербахче, се работи за Ерсун Јунал кој го предводеше тимот до титулата во 2014 година.
Елиф Елмас под водство на Коку и Куман уживаше првотимски статус, останува да видиме дали ќе има промена за македонскиот репрезентативец под водство на Јунал.