80
Роналдо утре за прв пат ќе настапи на дербито на Торино.
Португалецот сфатил дека дербито на Италија против Интер и градскиот дуел против Торино се посебни за фановите на Јувентус.
„Еден од економите во клубот ми рече, „ве молам, победете, во спротивно мојата баба…“, вели Роналдо за „Тутоспорт“.
„Научив дека фановите на Јувентус одбиваат да загубат два натпревари: против Интер и против Торино. Поразот секогаш е лош, не го сакам ниту јас“.
„Дербито секогаш е посебен меч, па треба да го добиеме. Мирен сум бидејќи го знам потенцијалот на тимот. Имаме некои многу важни натпревари пред нас“.