Роналдо сакаше да му го „украде“ голот на Дибала, па и тој и Јуве останаа со празни раце (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус со пораз
го заврши настапот во групната фаза од Лигата на шампионите, „бјанконерите“
вечерва загубија на гостувањето кај Јанг Бојс.

Оаро од пенал
донесе предност за домаќините по половина час игра, а истиот играч со шут од
врвот на шеснаесетникот во 68. минута навести победа за шампионот на Швајцарија.

„Старата Дама“
сепак не се предаде, Дибала прекрасно биеше од далечина во 80. минута и намали на 2-1, а
Аргентинецот постигна нов гол од далечина длабоко во судиското надополнување.

Но судијата го
прекина славјето на гостите откако Кристијано Роналдо се обиде да го „украде“
голот, скокна на пет метри и сакаше да го промени правецот на топката. Тој беше
во минимален офсајд, па помошникот го подигна знаменцето и покрај негодувањето
на ЦР7.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани