69
„Специјалниот“
распали по својата ѕвезда по ремито против Саутемптон, и пред сите во соблекувалната
го нарекол вирус.
Пол Погба потоа
беше изоставен од стартниот тим, против Арсенал доби шанса петнаесетина минути,
а против Фулам целиот меч го предреме на клупа.
Фудбалерот од
средниот ред денеска се најде во почетниот состав за дуелот со Валенсија во
Лигата на шампионите, но наместо да докаже дека Жозе Мурињо неправедно го „ренда“
секоја недела, му даде нови причини за критика.
„Ѓаволите“ се на
прагот на пораз на Местаља а се можеше да биде поинаку доколку Пол Погба не се
избрука со големо промашување.