Осман Дембеле се
извинил до сите соиграчи од редовите на каталонскиот гигант Барселона поради
своите постапки кои ги стори изминатиов период, откако последно нешто што го
стори беше доцнење на тренинг, и тоа цели два часа во неделата.
Младиот Французин
со тоа го прекрши кодексот на однесување и додатно беше ставен под притисок
поради големите проблеми кои ги има со дисциплината, чашата беше прелиена, а
клубот наводно се решил да го казни неверојатни 200,000 евра својот фудбалер
поради недисциплина.
Неговиот соиграч,
Карлес Алења, на пресот по синоќешниот меч со Тотенхем, каде Дембеле постигна
фантастичен гол, откри дека тој им се извинил на сите соиграчи во
соблекувалната.
„Тој ни се извини
во соблекувалната, а ние го прифативме тоа извинување, тој знае дека погреши,
тој е добро момче, ние сме со него до крајот. Мораме да му посветиме внимание“
рече Алења.