282
Шефот на
стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека нема зборови за да ја опише
чудесната интервенција на чуварот на мрежата од голот на Премеирлигашот, Алисон
Бекер против Наполи.
На Ливерпул
очајно му беше потребна победа од синоќешниот дуел, во спротивно ќе се соочеше
со елиминација уште во групната фаза од Лигата на шампионите, а Милик за момент
можеше да донесе кошмар за домашните навивачи на Енфилд, но, неговиот обид во
92. минута беше одбранет од страна на бразилскиот голман, одбрана која го
остави без зборови Клоп.
„Голот што Мохамед
го постигна – каков гол, неверојатно… А, одбраната која Алисон ја имаше,
едноставно немам зборови за тоа…“ рече Германецот по мечот на Енфилд.
class="twitter-tweet" data-lang="en">